Франција ќе и помогне на Црна Гора за кибер безбедноста

Од:

Франција ќе ја достави својата експертиза во областа на кибер безбедноста на владините институции во Црна Гора, на барање на таа земја членка на НАТО, која е цел на голем хакерски напад врз владини институции, соопштија француските власти.

Тоа е втор кијбер напад за една недела во Црна Гора.

„Француската влада одговори позитивно на барањето на црногорските власти и ја става на располагање Националната агенција за безбедност на информациските системи (ANSSI) да изврши мисија за поддршка и помош во откривањето, анализата и санирањето на кибер безбедноста“, изјави владиниот претставник задолжен за дигитална транзиција и телекомуникации Жан-Ноел Баро.

Според него, ANSSI ќе и обезбеди на Црна Гора капацитети за анализа и совети, експертиза и знаење со цел да се иницираат првите итни мерки.

Баро додаде дека мисијата е во согласност со проектот за создавање регионален центар за развој на кијбер капацитети, предводен од Франција и Словенија, кој ќе биде со седиште во Црна Гора.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор