ФОТО+ВИДЕО: Хаос во Будва на геј парадата

Од:

Тепачки, турканици, фрлање камења и шишиња. Атмосферата во Будва и пред и по почетокот на геј парадата.

И покрај сите нереди и тензиите  пред почетокот на Парадата на гордоста во Будва, кои продолжија и по 12 часот, групата ја започна својата прошетка.

Полицијата соопшти дека нема да дозволи никој да ја спречи парадата и да се покаже дека Црна Гора припаѓа на Европа која ги уважува различностите.

budva-policija

 Претходно група млади луѓе ја каменуваа насобраната маса. Во стариот град на Будва летаа шишиња и чаши на сите страни, пренесуваат црногорските медиуми.

gejprajd

Полицијата фрли димна бомба со цел да ги растера напаѓачите, кои и кон нив започнаа да фрлаат со камења. Засега се уапсени тројца од напаѓачите. Најавата за геј парада наиде на револт  претежно кај помладата популација, а синоќа беше одржан и антигеј собир.

Незадоволство од одржувањето на геј парадата во Будва искажаа и навивачите на фудбалскиот клуб Партизан од приморскиот град.

Сопствениците на ноќните локали во Будва вчера вечер, во знак на протест ја угаснаа музиката, а слични мерки најавија и за вечерва.

 

 

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора