ФОТО: Продолжуваат протестите во Бугарија

Од:

Десетици илјади демонстранти денес протестираа во Бугарија, поради сиромаштија и корупција и побараа законски амандмани кои ќе овозможат обичните граѓани да учествуваат во политиката.

bugarija-protest-03-13

Протестите во Софија и другите градови, кои се организирани преку социјалните мрежи продолжија и на денешниот државен празник, но без инциденти.

bugarija-protest-03-13-1

Демонстрациите ги предизвика незадоволство кај јавноста поради високите сметки за комунални услуги и распространетата сиромаштија, но потоа преминаа во протести против политиката на владата.

bugarija-protest-03-13-2

Пред две недели, околу 20 лица беа повредени во судирите на полицијата и демонстрантите, а премиерот на владата, Бојко Борисов поднесе оставка, што го отвори патот за предвремени избори, кои ќе се одржаат на 12-ти мај.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит