ФОТО: Ова е полицаецот, кој спаси баба од дрво во Обреновац

Од:

Осумдесетгодишната Славна Лазиќ од Обреновац стана херој, бидејќи иако е стара и болна, бегајќи од надојдената вода успеала да се качи на дрво и да ја преживее поплавата.

Оваа храбра баба ја спасил младиот полицаец Стефан Јаќовиќ од Нови Пазар, припадник на полициската бригада од Белград.

Тој буквално на раце ја изнел бабата, на третиот ден од евакуацијата на заробените во Обреновац.

-Екипата во која бев во четврток, петок и сабота без прекин, деноноќно спасуваше луѓе. Не помислувавме на одмор. Во сабота утрото, ја пронајдовме бабата, а водата околу неа беше длабока околу метар и половина. Водата ми беше речиси до грло, наоколу беше полумрак. Ја зедов во прегратки, бидејќи ми рече дека не може сама да се движи поради операција, па ја носев неколку стотина метри до најблискиот камион, вели Стефан Јацовиќ.

stefanSlavna1

Баба Славна раскажа дека на дрвото била два дена и чекала некој да ја спаси.

-Спасивме илјадници луѓе од Обреновац. Не им ги запомнив лицата, ниту имиња, но се сеќавам дека некој од нив ме праша кој сум и од каде сум. Дури кога се вратив дома и ја видов снимката, сфатив дека тоа е баба Славна. Неверојатно е што во тој момент кога спасуваше главата, ме запомнила мене. Имам храброст да кажам дека таа е легенда- вели полицаецот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ