Финска : Грците сами решаваат дали ќе останат во еврозоната

Од:

„Грците самите ќе одлучат дали ќе останат во зоната на заедничката европска валута или ќе ја напуштат“, одговори финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја, на барањето на грчката Влада за одлагање на отплатата на долгот кон кредиторите.

Извори во Атина соопштија дека грчкиот премиер Андонис Самарас на претстојните средби со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд ќе побара од партнерите во еврозоната да се согласат со продолжување на рокот за враќање на долгот за две години.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во интервју за „Дејли Телеграф“ шефот на финската дипломатија не прифаќа менување на договорот и вели дека членките на еврозоната не може да ја исклучат Грција од зоната на еврото.

„Она што ние можеме е да го прекинеме исплаќањето на парите за покривање на грчката неликвидност, по што земјата ќе банкротира“, вели финскиот министер, додавајќи дека решението за останување во еврозоната е работа за која може да одлучи само Грција.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен