Финалето на Конференциската лига ги „полуде“ цените во хотелите во Тирана, ноќевање чини од 303 до 1.900 евра

Од:

Големото финалето на Конференциската лига на УЕФА меѓу Рома-Феенорд што ќе се игра на 25 мај на стадионот „Ер Албанија” во Тирана, „ги полуде“ цените на хотелските услуги во албанската метропола, jaвија албанските медиуми.

Но, од ваквата ситуација брзаат да профитираат и самите граѓани, кои ги знајмуваат становите на навивачите по многу високи цени.

Доволно е да се погледне во најголемите платформи во областа на туристичките услуги за резервации како Booking и AirBNB, каде што со стотици хотели и имоти се изнајмуваат, па да се види наглиот скок на цените во хотелите.

-Едно ноќевање во хотели во Тирана на 25 мај, денот на натпреварот според Booking варира од 37.000(303 евра) до над 230.000 лека(1.900 евра), стратосферски цени кои во другиот период од годината чинат многу пати помалку отколку на овој ден. Истиот хотел, некаде кај езерото Тирана, кој на 25 мај за едно ноќевање има цена од 149.000 лека(1.220 евра), во нормален период од годината наплатува по 4.800 лека(околу 40 евра) за ноќевање, наведува Топ чанел.

Според истиот извор дури и во AirBNB, каде што секој поединец може да понуди изнајмување сопствен стан, цените се стратосферски. Ова особено важи за станови кои се позиционирани во близина на стадионот „Ер Албанија“ каде што ќе се игра натпреварот, бидејќи само за 25 мај нивната цена достигнува и до 3.600 евра за ден.

-По изразената загриженост за моментниот пораст на цените на хотелите или другите сместувачки капацитети, кои резултираат со значително повисоки од другите периоди од годината, Управата за конкуренција реагираше со ставање на пазарот под истрага, додава телевизијата.

Власта ги повика давателите на услуги за сместување да не злоупотребуваат со откажување на претходни резервации, за да ги препродадат во последен момент, по многу повисоки цени. За субјектите кои на крајот од истрагата ќе бидат фатени во прекршок, односно веднаш и неоправдано ја зголемиле цената, Управата најави парични казни до 10 отсто од прометот од претходната финансиска година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски