Филип Вујановиќ повторно ќе биде кандидат на ДПС на претседателските избори во Црна Гора

Од:

Актуелениот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, ќе биде кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателските избори што ќе се одржат на пролет, пренесе Танјуг, повикувајќи се на соопштение на црногорската национална телевизија РТЦГ.

Според извори од владеачката ДПС претседателските избори ќе бидат закажани најдоцна до 23 април.

Вујановиќ вчера не покажа подготвеност да каже дали повторно ќе се кандидира за претседател, истакнувајќи дека тоа ќе го одлучи по консултациите на ДПС со коалициските партнери.

Во Црна Гора има спротставени мислења дали Вујановиќ има право на уште еден претседателски мандат. Досега тој два пати е биран за претседател, но неговиот прв мандат е спорен, бидејќи тогаш Црна Гора не беше независна држава, туку дел од тогашната државна заедница Србија и Црна Гора.

Според истражување на јавното мислење, Вујановиќ во моментов е најпопуларниот политичар во Црна Гора и ја има поддршката како на Црногорците, така и на Србите во земјата.

Социјалдемократската партија, која е партнер на ДПС во владеачката коалиција, меѓутоа, смета дека Вујановиќ нема право на уште еден претседателски мандат.

Според законот, претседателот на црногорскиот парламент е должен да ги закаже претседателските избори најдоцна 120 дена пред истекување на мандатот на актуелниот претседател. Тоа значи дека датумот треба да биде утврден од 20 јануари, а самите избори да се оддржат до 20 мај.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора