Филе: Историски договор помеѓу Косово и Србија

Од:

Европскиот комесар за проширување, Штефан Филе денес изјави дека Косово и Србија постигнаа историски договор и дека се надева дека Европскиот совет во јуни на Србија ќе и одобри датум за почеток за започнување на преговорите за пристапување во ЕУ.

-Го поздравувам историскиот договор за двете држави-изјави Филе по состанокот со заменикот на косовскиот премиер, Мимоза Кусари и министерката за европски интеграции, Вљора Читаку и додаде дека неговата канцеларија е подготвена да помогне во спроведувањето на договорот.

Тој предупреди дека сега очекува Косово и Србија не само да ги применат договорите, туку уште поинтензивно да работат на внатрешните реформи.

Читаку зборувајќи за односите на Косово и ЕУ ја цитираше само познатата реплика од филмот „Казабланка“ дека ова е само почеток на едно прекрасно пријателство, но додаде дека е свесна дека на Косово му претстои уште многу време и напор за интеграциите во ЕУ.

-Договорот не беше идеален, но е најдобар за нашите држави, регинот и ЕУ-истакна таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски