Европскиот комесар за проширување Штефан Филе и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо го поздравија историскиот договор постигнат меѓу Белград и Приштина.
Еврокомесарот Филе преку соопштение оценува дека парафираниот договор ќе им помогне на Белград и Приштина на патот кон Европската унија и додаде дека од клучно значење е политичарите и јавноста во двете земји да го поддржат договорот.
И Баросо го поздрави напредокот што го направија Србија и Косово во дијалогот под покровителство на ЕУ.
„Ова е историски договор, што сега мора брзо да биде спроведен. Им честитам на лидерите на обете страни на нивната посветеност, храброст и визија”, се наведува во соопштението на Баросо.