Фајон го напушта ЕП поради функцијата во новата влада на Словенија

Од:

Претседателката на словенечката партија на Социјални демократи, Тања Фајон ќе ја напушти функцијата пратеник во Европскиот парламент (ЕП) и ќе биде претседателка на Парламентот или министерка во Владата на Словенија, неофицијално дознава весникот Данас од дипломатски кругови.

Додека други словенечките медиуми објавија дека Фајон може да биде новата министерка за надворешни работи.

Сè уште не е познато кој ќе ја наследи Фајон во ЕП, каде што таа е пратеник од 2009 година. Фајон беше и претставник на ЕП во меѓупартискиот дијалог за изборните услови во Србија.

На словенечките парламентарни избори, одржани во неделата, партијата на Фајон освои 6,66 отсто од гласовите и седум од 90 пратенички места.

По изборите Фајон најави дека Социјални демократи ќе коалицираат со Движењето за слобода на Роберт Голоб, кое ќе има 41 пратеник во новиот парламент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје