Европските социјалисти бараат ЕУ да му помогне на Балканот во борбата против новиот коронавирус

Од:

Групата на социјалистите во Европскиот парламент денеска ја повика Европската комисија и земјите-членки на Европска Унија да го вклучат Балканот во европската акција за запирање на ширењето на Ковид-19.

Тие сметаат дека ЕУ треба да им дозволи на балканските земји да ги пренасочат непотрошените претпристапни фондови (ИПА) за борба против новиот коронавирус, да размисли за мобилизирање на други надворешни финансиски инструменти и да му дозволи на Балканот да купи медицинска опрема како маски или респиратори од земјите-членки.

– Како и насекаде во Европа, бројот на потврдени случаи на коронавирусот на Западниот Балкан продолжува да расте. Треба да бидеме заедно. Вирусот не познава граници и државјанства. Ако сакаме ефикасно да се бориме против вирусот, не смееме да ги заборавиме земјите што се наоѓаат во средината на Европа, изјави преку соопштение Кати Пири, потпретседателка на социјалистичката група.

Таа додаде дека ЕК земјите-членки на ЕУ мораат да го вклучат Балканoт во заедничкиот европски одговор и мерките за превенција и борба против епидемијата.

И Тонино Пицула, координатор на Комитетот за надворешни работи на ЕП и известувач за Балканот, истакна дека Балканот не може да биде оставен сам да се бори со оваа вонредна ситуација и економската криза предизвикана од коронавирусот.

– Прв знак на солидарност би било да им се помогне на нивните здравствени системи да бидат подобро екипирани за да ја спречат и лекуваат болеста. Тие се често лошо финансирани и им недостасуваат медицински професионалци, кои емигрираат. Оттука, Западниот Балкан мора да биде исклучен од новата „шема за дозволи за извоз за заштитна опрема“ за трети земји и да им се дозволи да купат витална медицинска опрема, како маски, на пазарот на ЕУ, наведе Пицула.

За Пицула, треба да се дозволи флексибилност на претпристапните ИПА фондови за можат да се ослободат пари за борба против вирусот.

– Како и за земјите членки, на Западниот Балкан мора да му се дозволи да ги пренасочи непотрошените фондови за да купат тестови и заштитна опрема, посочи тој.

На крајот од својот повик до ЕУ, Пицула констатира дека процесот на проширување продолжува и во овие вонредни околности благодарение на новата методлогија на ЕК. И го поздрави зеленото светло на холандскиот Парламент за Северна Македонија и Албанија, повикувајќи ги земјите-членки на отворат преговори што е можно побрзо.

Додека комесарот за проширување Оливер Вархеји на Твитер напиша:

– Бараме начин како на најдобар начин да пружиме поддршка за да се намалат економско-социјалните последици, вклучително и пренасочување на ИПА фондовите и флексибилноста на правилата за државна помош. Тесна координација&соработка на регионално нови&со ЕУ е клучно.

ЕК вчера порача дека извозот на медицинска опрема кон трети земји ќе биде предмет на посебни дозволи што предизвика гнев, помеѓу другото, кај српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во меѓувреме Кина најави помош со медицинска опрема за земјите од Балканот.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат