Европските посредници во Србија со оценка дека има ограничен напредок во меѓупартискиот дијалог

Од:

„Политичките групи кои учествуваат на денешниот меѓупартиски дијалог во српското собрание го препознаа напредокот постигнат во обуката на службените лица кои работат на Единствениот избирачки список и на новата веб-страна за информирање на граѓаните за избирачкиот список,“ се вели во заедничката изјава на делегацијата на Европскиот парламент и претседателката на српскиот парламент Маја Гојковиќ, по денешниот состанок.

Постојаниот известувач на Европскиот парламент за Србија, Владимир Биличик, изјави дека е остварен ограничен напредок од првата рунда од меѓупартискиот дијалог.

-Владејачкото мнозинство и опозицијата треба да направат чекор напред-да се придвижат од своите првични ставови. Слушнавме вистински фрустрации за недостигот на доверба и дека треба да се стори нешто значајно за да се изгради доверба во целиот политички спектар и да се покаже пред граѓаните дека се прават вистински напори за подобрување на условите пред изборите, кажа Билчик.

Тој додаде дека на „продуктивната средба со претседателот (Александар) Вучиќ“ било договорено да се изберат нови „3 + 1“ членови на РЕМ, да се донесе нова регулатива заснована на европските најдобри практики за јавните радиодифузери, да се обезбеди фер пристап и известување за време на изборната кампања и да се формира Надзорен одбор во Националното собрание кој ќе го следи спроведувањето на сите обврски околу изборите.

-Овие чекори и заложби од Заклучоците на меѓупартискиот дијалог треба да се реализираат пред нашиот следен круг од дијалогот, истакна известувачот на Европскиот парламент.

Шефицата на делегацијата во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација ЕУ-Србија, Тања Фајон, оцени дека за време на дијалогот добиле нови предлози од сите актери.

-Но, часовникот отчукува и ние ја повикуваме владејачката коалиција повеќе да не губи време во дискусиите и да започне со спроведувањето. За да може ова да биде успешно, ние ја повикуваме опозицијата да се врати во парламентот и да се вклучи во дијалогот, за владејачката коалиција да им одговара за исполнување на своите обврски, порача Тања Фајон.

Во заедничкото соопштение оценето е и дека треба да се даде приоритет на важноста за назначување на сите членки на РЕМ, вклучително и на формулата „3+1“ и гарантирање фер пристап до јавните радиодифузери и нивно фер известување.

За време на дијалогот, сите државни институции се повикани да ги исполнат обврските од нивните надлежности и да се транспарентни.

Сиот напредок и недостатоците се евидентирани во ажурираната „Табела за исполнување на обврските“ која ќе биде достапна на јавноста.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов