Европскиот суд за човекови права ја осуди Грција за примена на шеријатски закон

Од:

Европскиот суд за човекови права одлучи дека Грција ги прекршила одредбите против дискриминација со примена на исламски верски закон за решавање на спор за наследство меѓу припадници на муслиманското малцинство во земјата.

Судот денеска ја осуди Грција дека ја нарушила Европската конвенција за човекови права, со примена на шеријатски закон и како резултат на тоа, волјата на грчки муслиман, кој целиот имот го оставил на својата сопруга, била поништена по жалба на неговите сестри. Вдовицата Молa Сали се обратила на Европскиот суд во 2014 година откако изгубила три четвртини од нејзиното наследство.

Во јануари, грчкиот Парламент ги ограничи правата на исламските судови во североисточна Грција (Западна Тракија), каде што живее вековно муслиманско малцинство. Грчкото законодавство за малцинствата се заснова на меѓународни договори склучени по падот на Отоманската империја.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски