Европскиот парламент го усвои годишниот извештај за Србија со првпат формулација за „взаемно признавање“ со Косово

Од:

Пратениците во Европскиот парламент го усвоија овогодинешниот Извештај за Србија, во кој се изразува поддршка за идното членство на Србија во ЕУ, но со барање, покрај владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина, усогласувањето со санкциите против Русија да биде клучен елемент кој ќе го одреди севкупниот напредок на Србија на патот кон пристапувањето во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Со резолуцијата усвоена денеска, Европскиот парламент за првпат ги повикува Србија и Косово да постигнат договор за нормализација на односите „врз основа на взаемно признавање“.

Во текстот на извештајот, со амандмани е додадено дека се очекува Србија и Косово да потпишат правно обврзувачки договор за нормализација на односите „врз основа на взаемно признавање“, што е првпат меѓусебното признавање да се спомене во официјален документ на институциите на ЕУ како неопходно решение за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во резолуцијата се изразува длабоко жалење што Србија не се приклучи на санкциите воведени од ЕУ кон Русија поради инвазијата на Украина и се повикуваат новоизбраните власти во Белград итно да се ускладат кон надворешнополитичките одлуки на ЕУ, вклучително и воведувањето санкции против Русија.

Европскиот парламент ја повикува Србија да ги преиспита односите со Русија на полето на одбранбената политика и да ги прекине формите на воена соработка со Русија, се наведува во резолуцијата.

На прес-конференцијата по усвоениот извештај, Владимир Билчик кој го поднесе овој извештајот за Србија, рече дека таа мора да продолжи со реформите и посочи дека сега треба што поскоро да се формира влада.

-Важно е да се споменат и позитивни работи. Србија го отвори кластерот четири, а сега мора да се направи повеќе за да се отворат натамошни кластери. Сакам да нагласам дека промената на Уставот е важен чекор, а исто така задоволен сум што ЕП одигра голема улога во двете фази од меѓупартискиот дијалог и ја охрабри работата на политичките институции во Србија. Тој процес беше позитивен и Србија сега има парламент во кој има неколку различни партии, рече Билчик во своето обрашање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов