Европски отров

Од:

Шпигел – Хановер

Игрите почнаа. Играчи се Алексис Ципрас и Ангела Меркел.

Левичарскиот народен трибун против жена без својства. Во игра е грчкиот долг од 320 милијарди евра, невработеноста меѓу младите во Грција од над 50 отсто, како и бројот на самоубиствата кои од почетокот на кризата незапирливо расте.

Конечно, во игра е и германската догма дека долговите се последица на вина и дека нема милост. Меѓутоа, не се Грците виновни што иднината на еврото, т.е. иднината на Европа се претвори во игра покер. Грците навистина правеа грешки, но грешките на Европјаните, а пред се на Германија се далеку попогубни.

Каква е таа идеја од криза да се излезе со штедење? Паул Кругман пред неколку денови напиша дека тоа никогаш во историјата на човештвото не донело посакувани резултати. Нобеловецот Јозеф Штиглиц уште еднаш повтори дека грчките долгови на почетокот на кризата изнесувале 110, а сега се 170 отсто од БДП. Лекот кој госпоѓа Меркел и европските шефови го препишаа на Грците се покажа како отров.

Ангела Меркел ја турна Грција во рецесија која е полоша од злогласната голема депресија во САД. Многу Грци Ангела Меркел ја споредуваат со Хитлер.

Германија во Втората светска војна сакаше да ја покори Европа. Беше поразена. По поразот и простија половина од долговите и помогнаа во обнова на земјата. Грците, кои можат да се обвинуваат за се, од корупција до јавашлук, не сносат ни дел од вината која Германија ја имаше за Втората светска војна. Наспроти тоа, наметната им е програма за уништување на општественото ткиво која не може да ја издржи ниту едно демократско општество.

Германците, т.е. барем проамерикански настроената Ангела Меркел, треба да сфатат дека дури и тие од другата страна на Атлантикот не го одобруваат германскиот економски догматизам.

Сега негодуваме затоа што новата грчка Влада е од левичарски и десничарски популисти. Што очекувавме од грчките гласачи? И понатаму мирно да дозволуваат Меркел и Шојбле да ги водат на кланица со штедењето?

Отписот на долговите е неизбежен. Барем за Грција. Алексис Ципрас тука се покажа поголем реалист од Тројката. Предлогот на германската Левица на сите земји во криза да се отпишат 50 отсто од долговите, така трошоците да ги поднесат европските милионери и милијардери со вонреден данок на имот, сепак е чисто фантазирање.

Судбините на Атина и Берлин не можат да се одвојат. Резултатот од грчките избори ќе има големи последици на иднината на Европа. Тоа е европска внатрешна политика родена од кризата. И тоа е добро, бидејќи сакаме понатамошни интеграции

Лошо е што Германците повторно се вмешаа во изборната кампања на една земја, бидејќи не сакаме доминација на посилните над послабите.

Се чини дека свеста за Европа сепак не е доволно созреана да имаме јасна претстава за користа и загубите во оваа се поцврсто поврзана заедница. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски