Европската перспектива на Западен Балкан една од темите на средбата Ципрас –Вучиќ

Од:

За потребата активно да се поддржи европската перспектива на земјите од Западен Балкан, разговарале меѓу другото српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на дводневната официјална посета на Грција, Вучиќ вчера се сретна со Ципрас, а лидерот на СИРИЗА, преку социјалните мрежи ги откри темите за кои разговарале.

-Се сретнав со претседателот на Србија Александар Вучиќ со кој разговарав за важноста на грчко – српските односи за нашите народи и за Балканот како и за потребата за активна поддршка на интегративната перспектива на Западен Балкан во критичниот период за регионот. Истакнавме дека единствена основа за мир и стабилност во нашиот регион е почитувањето на меѓународното право, напиша Ципрас на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов