Европратениците Фајон и Билчик загрижени со идејата за намалување на изборниот цензус во Србија

Од:

Тања Фајон и Владимир Билчик, членови на делегацијата на Европскиот парламент во меѓупартискиот дијалог во српскиот Парламент, изјавија дека се „загрижени и заинтригирани“ со намалувањето на изборниот цензус од пет на три проценти во Србија, поради тоа што оваа идеја не била тема на дијалогот.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Фајон кажа дека измените во изборните правила се опасни тактики пред изборите, додека Билчик истакна дека со ова се покренува прашањето за правичност на изборниот процес.

-Јас сум изненадена и загрижена од идејата да се намали изборниот праг од пет на три проценти, изјави претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Србија и Европската унија (ЕУ) и европратеничката Тања Фајон, додадавајќи дека не гледа дека намалувањето на изборниот цензус е активности за која било разговарано од која било политичка партија за време на есенскиот дијалог меѓу власта и опозицијата.

-Радикалните измени во изборните правила толку блиску до одржувањето на изборите се многу опасни тактики, предупреди Фајон, додавајќи дека тоа генерално не е добра практика и може сериозно да ја поткопа довербата.

Според неа, сè треба внимателно да се разгледа, а и да се биде свесен за упатствата на ЕУ за набудување на изборите: „Доколку се потребни доцни промени, треба да има широк договор меѓу изборните чинители и сите промени треба да бидат добро објавени, кажа Фајон.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија и член на делегацијата на ЕП во меѓупартискиот дијалог во српскиот парламент, Владимир Билчик изјави дека „ова прашање никогаш не било дискутирано во контекст на посредничка работа од страна на која било политичка сила во Србија, за разлика од другите измени кои повеќето политички партии ги усвоија со консензус и на кои српскиот Парламент работи и ги усвојува од декември“.

Билчик најави дека внимателно ќе се следат сите следни конкретни политички и законодавни иницијативи во оваа област, додавајќи дека тој бил заинтригиран со приказната за намалување на изборниот праг во Србија од пет проценти, воспоставен во 1992 година.

Според него, законскиот праг може да се намали, но сите нови политички иницијативи со кои се менуваат правилата пред изборите, го отвараат прашањето за праведност на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов