Европрајд е официјално отворен, силни полициски сили го обезбедуваат собирот

Од:

Неделата на Европрајд во Белград ќе започне со свечено подигање на знамето пред Палатата Србија.

Пред самата Палата, но и покрај булеварот Михајло Пупин и околните улици, има силни полициски сили кои го обезбедуваат настанот.

Традиционалната прошетка е закажана за сабота на 17 септември со почеток во 17 часот пред Собранието на Србија.

Како што претходно најавија организаторите, белградскиот Европрајд ќе биде историски, бидејќи е прв што ќе се одржи во Западен Балкан и во овој дел од Европа. Досега овој настан привлече големо внимание во јавноста, откако шефот на државата најави дека ќе биде откажан од безбедносни причини.

Претседателот Александар Вучиќ по состанокот на Советот за национална безбедност изјави дека државата ќе го искористи законското право да одлучи во рок од 96 часа од почетокот на прошетката дали ќе се одржи или не.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Од нас се бара признавање на Косово, санкции за Русија, Западот сака марионетски режим во Србија