Еврокомесарката за хуманитрана помош во посета на БиХ

Од:

Европскиот комесар за хуманитарна помош, меѓународна соработка и реакции на кризи, Кристалина Георгиева денеска, на вториот ден од посетата на Босна и Херцеговина, ќе престојува во Орашје, кој е еден од најтешко погодените градови во поплавите што ја зафатија земјата.

По враќањето во Сараево, предвидено е Георгиева да одржи прес-конференција, на која ќе ги сумира резултатите од нејзината посета на поплавените подрачја.

Вчера по средбата со босанскиот министер за надворешни работи Златко Лагумџија, Георгиева најави дека ЕУ ќе и помогне на БиХ во санирањето на последиците од катастрофалните поплави.

Пред БиХ, еврокомесарката престојуваше во Србија, каде исто така посети некои од поплавените подрачја и најави помош од ЕУ за справување со последиците од поплавите.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници