Евгрогрупата подготвена да одржи итен состанок доколку има барање од Грција

Од:

Доколку има барање од грчката Влада, работната група на Еврогрупата ќе се состане утре, а мнистрите за финансии на евроозната ќе одржат вонреден состанок в петок, изјави извор од Брисел за грчката државна новинска агенција.

Состаноците би се свикале за да се разгледа евентуално грчко барање за продолжување на програмата за финансирање.

Доколку нема барање, нема да има средба ниту на работната група, ниту на Еврогрупата, дополнил иситот извор.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, извори од грчката Влада претходно соопштија дека барањето на Грција за продолжување на договорот за финансирање ќе биде испратено утре претпладне до партнерите во ЕУ.

Според истите извори, содржината на писмото се уште се финализира.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит