ЕУЛЕКС: Членовите на „Групата од Дреница“ се упсени и во притвор

Од:

Мисијата на ЕУЛЕКС потврди дека седумнината поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), се во притвор, откако се уапсени доцна синоќа од нивните домови, каде беа во домашен привор.

– Судиите на ЕУЛЕКС и на Апелацискиот суд во Приштина ја модифицираа претходната одлука на Основниот суд од Митровица, изменувајќи ја мерката домашен притвор во 30-дневен притовор за седуммината поранешни припадници на ОВК осомничени за воени злосторства врз цивилно население. Главната причина за определување на мерката притвор беше опасоста од попречување на кривичната постапка, со влијание врз сведоците, се наведува во соопштението на мисијата на ЕУЛЕКС.

Седуммината, меѓу нив и косовскиот амбасадор во Тирана, Сулејман Селими, како и уште девет други лица, се товарат за воени злосторства врз цивилното население во центар во Ликовац, кај косовскиот град Скендерај.

Селими, според косовските медуми, е осомничен и за убиство. Тој е поранешен Командант на Генералштабот на ОВК, познат под псевдонимот „Султан“, а по косовската војна беше Командант на безбедносните сили на Косово, додека минатата година премиерот Хашим Тачи го именува за прв косовски амбасадор во Албанија.

Освен Селими меѓу притворените и е претседателот на Општина Скендерај, Сами Луштаку, потоа Јашар Демаку, Сахид Јашари, Зеќир Демаку, Хисни Тачи и Авни Забела.

Адвокатот на Селими, Том Гаши изјави дека оваа одлука е скандалозна и оти „оваа неправда може да им е во корист само на оние кои од ова очекуваат дестабилизација на Косово“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска