ЕУ в понеделник ќе разговара за можни санкции против Република Српска

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник ќе се состанат да дискутираат за надворешната политика, главна тема е Украина, но и влошувањето на ситуацијата во Босна и Херцеговина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Последните случувања во Република Српска, каде во процес влезе нов предлог закон кој и овозможува на покраината да избира судии и обвинители, се во директен судир со Дејтонскиот мировен договор.

Европската унија оценува дека ова е „најсериозната криза“ во Босна и Херцеговина од 1995 година кога е потпишан Дејтон и дека Република Српска презема сецесионистички чекори, кои се неприфатливи и претставуваат закана за уставниот и законскиот поредок на Босна и Херцеговина, велат дипломатите во Брисел.

Ситуацијата ја загрозува европската перспектива на земјата, и ЕУ, заедно со САД, се координира за да поттикне деескалација во земјата.

Повеќе методи се на маса, еден од нив се санкции против лица и ентитети во Република Српска или пак замрзнување на финансиска помош. Сево ова ќе бие дискутирано в понеделник од страна на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ, но не се очекува конечна одлука тој ден, велат дипломатски извори.

– Можно е да има референца во заклучоците за ова, најверојатно. Кога ситуацијата е таква што дел од политичкиот спектар делува спротивно на благосостојбата на сите, сите можности се разгледуваат, вели дипломатски извор во ЕУ за МИА.

Европската унија уверува дека нема ризик од насилство во Босна или пошироко и покрај влошената состојба во Босна и Херцеговина.

– Не сме загрижени во однос на безбедноста внатре во земјата или во регионот, додаде дипломатот за МИА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски