ЕУ: Трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија требаше да биде инклузивен процес

Од:

Европската Унија повтори дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија требало да биде извршена низ иклузивен процес, согласно косовскиот устав.

„Како и НАТО, ЕУ и понатаму го дели ставот дека мандатот на косовските безбедносни сили би требало да биде менуван исклучиво низ инкузивен и постепен процес во согласност со косовскиот устав“, соопшти Европската служба за надворешни работи по повод усвојувањето на законот за трансформацијата во косовскиот парламент.

ЕУ очекува дека Косово ќе продолжи да се придржува кон своите обврски, во согласност со првиот договор постигнат во Брисел во 2013 година, се додава во соопштението.

И шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, Сем Фабрици порача дека позицијата на ЕУ е јасна. Тој повтори дека ЕУ го дели ставот на НАТО, односно дека процесот на трансформација на безбедносните сили треба да биде долгорочен и во согласност со Уставот.

Фабрици додаде дека Европската Унија останува главен спонзор на дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Тој потсети дека ЕУ се противи и на таксите кои Приштина ги воведе за српските производи кои, според неговите зборови, се во спротивност со ЦЕФТА и договорот што ЕУ го има со Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје