ЕУ не прифати исклучок за извоз на заштитна опрема кон Балканот

Од:

Европската Комисија (ЕК) денеска информираше за амандманите на регулативата за авторизација на извоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ кон трети земји, со кои се воведени неколку исклучоци, а во нив не спаѓаат земјите од западниот Балкан, и покрај барањата на владите од регионот.

-Ова е привремена мерка и не е забрана за извоз, целосно е во согласност со обврските на ЕУ, со оглед на еволутивната природа на ситуацијата Европската Комисија ревидираше неколку аспекти за да се исполнат целите, изјави Даниел Росарио, портпарол на ЕК.

Земјите изземени од посебните авторизации за извоз се Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Фарските Острови , Андора, Сан Марино и Ватикан соопштија од ЕК.

Европската Унија одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки.

Српскиот претседател неодамна остро ја критикуваше ЕУ поради оваа одлука, изјавувајќи дека “солидарноста на ЕУ е само на хартија“ и дека Србија може да смета само на нејзините “кинески браќа“.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат