ЕУ не ја додаде Турција во списокот на земји што се сметаат за даночен рај

Од:

Иако темата била на маса, земјите членки денеска на министерскиот состанок за финансии не постигнале едногласност за да се додаде Турција во списокот на даночни раеви, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја пренесоа повеќе европски медиуми утрово повикувајќи се на извори присутни на министерскиот состанок.

Турција за сега се наоѓа на сива листа односно земји во кои се потребни дополнителни фискални реформи за да се усогласи со меѓународните стандарди, но не им се придружува на земјите од црната листа како Барбадос, Фиџи, Панама или Сејшели.

Анкара требаше уште минатата година да ги реализира реформите за да биде отстранета од сивата листа, но тоа не го стори. Според турските власти проблемот е од техничка природа поради тоа што е тешко да се провери фискалното државјанство на околу седум милиони турски граѓани кои живеат во земји на ЕУ.

Според изворите во ЕУ, најостра позиција кон Турција во ова прашање заземала Франција на денешниот состанок, заедно со Австрија и Данска. Помека била Германија која стравува од ескалација на тензиите посебно во источниот Медитеран.

Прашањето се префрла на амбасадорско ниво, а потоа ќе биде на министрите за надворешни работи на ЕУ да донесат одлука.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски