ЕУ, ММФ: Сеуште нема договор со Грција

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека Грција постигнала договор со кредиторите за продолжување на рокот за исполнување на условите за финансиска помош.

Меѓутоа, Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд соопштуваат дека, иако постои напредок, договор сеуште не е постигнат.

Стурнарас рече дека „тројката“ на Атина и одобрила продолжение на рокот за намалување на дефицитот во замена за мерките за штедење вредни 13.5 милијарди евра, неопходни за следната транша помош, потреба на Грција за да не банкротира.

Меѓутоа, официјалните лица на ЕУ и ММФ брзо појаснија дека „тројката“ не постигнала никаков договор со Атина.

„Остварен е значаен напредок во преговорите со Грција, но постојат некои прашања кои треба да се решат пред да биде постигнат договорот“, рече портпаролот на европскиот комесар за економски и монетарни прашања, Оли Рен.

Грција, која е на прагот на 6-тата година рецесија, очајнички се обидува да ја одблокира исплатата на нова транша заеми во вредност од 31.2 милијарди евра.

Во замена за таа помош, грчката влада се согласи да примени остри економски реформи, кои се многу непопуларни меѓу жителите на земјата. Со оглед на тоа дека стапката на невработеност се движи околу 25%, официјална Атина бара повеќе време за примена на мерките за штедење.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски