ЕУ ја поздрави одлуката на Курти да ги укине царините за Србија и БиХ

Од:

По најавата на косовскиот премиер, Албин Курти, вчера дека ќе ги укине царините врз увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, Европската Унија ја поздрави одлуката и очекува повеќе детали.

Зголемувањето за сто отсто на царините врз увозот на српски и босански производи кон крајот на 2018-та година доведе до влошување на односите помеѓу Косово и Србија и замрзнување на дијалогот за нормализација на односите.

Европската Унија смета дека укинувањето на овие царини може да има позитивен ефект врз регионалната трговија и да доведе до рестартирање на дијалогот Белград – Приштина.

-Премногу време се изгуби, довербата мора итно повторно да се воспостави, Србија и Косово треба да создадат атмосфера што ќе овозможи рестартирање на Дијалогот, реагираше кабинетот на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел.

Во меѓувреме потврдено е дека Мирослав Лајчак ќе биде нов специјален претставник на ЕУ за регионот и за дијалогот Косово – Србија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски