Министри на државите членки на ЕУ, во понеделник на Европскиот совет ќе му предложат во јуни на Србија да и даде датум за почеток на преговори за приклучување во ЕУ, дознава „Танјуг“ од бриселски дипломатски извори.
-Таа препорака нема да биде безусловна, бидејќи двете страни треба да покажат дека имаат намера да започнат да го применуваат договорот- изјави висок дипломат.
Тој додаде дека до јуни има време шефовите на владите и државите членки на ЕУ, кои во почетокот на јуни ќе се состанат, да потврдат дека Белград и Приштина започнаа да го применуваат договорот.
-Доколку не излезат проблеми со примена на договорот, нови услови нема да има – нагласи анонимниот извор.
Не ја исклучи и можноста, на состанокот на Министерскиот совет во понеделник, одредени држави членки да изнесат некои критики за Србија, во врска со внатрешните реформи на државата, но изрази цврсто уверување дека тие примедби нема да бидат усвоени како повод за условување.
Елена Георгиевска