ЕУ грантови од 70 милиони евра за Западен Балкан за вакцини против Ковид-19

Од:

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, од Европскиот Парламент денеска најави дека ЕУ ќе обезбеди 70 милиони евра во грантови за земјите од Западен Балкан за да набават вакцини од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комесарката задолжена за здравство во ЕУ утрово пред европратениците реферираше за состојбата со вакцинацијата во ЕУ, но и во третите земји партнери на ЕУ со понизок приход, меѓу кои и западнобалканските.

Кириакидес изјави дека преку Ковакс, глобалниот механизам за набавка на вакцини, каде ЕУ е најголем донатор, ЕУ ќе им помогне на земјите од западен Балкан да се вакцинираат приоритетни групи како што се здравствените работници и ранливите лица.

-Ќе обезбедиме грант од 70 милиони евра за Западен Балкан за да можат да купат вакцини од земјите членки на ЕУ. Работиме и со Светската здравствена организација да обезбеди веднаш поддршка од 50 милиони евра за вакцинска подготвеност на Западен Балкан и во земјите од соседството, изјави еврокомесарката за здравство.

ЕУ се залага за поддршка на земјите со понизок приход да добијат брзи и ефикасни вакцини, но процесот се движи бавно. Северна Македонија доби ветувања од две соседни земји членки на ЕУ, но вчера земјата вакцините ги доби од Србија.

Би можело да ве интересира

Во Израел 90 отсто од населението постаро од 50 години вакцинирано со една доза или излекувано

Ана Ололовска

Кацин: Во Словенија до крајот на јуни ќе биде вакцинирано половина население

Ана Ололовска

Србија четврта во Европа по новозаразени на 100.000 граѓани, медицинскиот дел бара построги мерки или ќе дадат оставки

Ана Ололовска

Во Црна Гора пристигнаа 30.000 кинески вакцини

Ана Ололовска

Можно е продолжување на вонредната состојба во Токио

Ана Ололовска

Во Украина рекорден број хоспитализирани за еден ден

Ана Ололовска