ЕУ го поздрави формирањето на новата косовска Влада

Од:

Европската Унија и честита на новата косовска Влада предводена од Авдулах Хоти.

Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ја повикаа новата Влада да се врати на преговарачката маса со Србија во рамките на Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, со посредништво на новоименуваниот специјален претставник на ЕУ за регионот, Мирослав Лајчак.

ЕУ потсетува дека овие преговори се „суштински“ и „единствен начин“ за Косово да ја оствари својата ЕУ перспектива.

– Сакаме Косово да напредува на европскиот пат, ова ќе бара одлучен реформски напор за зајакнување на владеењето на правото, посебно борбата против корупцијата и организираниот криминал како и промовирање на социоекономскиот развој, соопшти ЕУ.

Унијата ветува дека ќе продолжи да го поддржува Косово во справувањето со пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски