ЕУ демантира дека се откажала од предлогот за Белград и Приштина

Од:

Портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, ги демантираше наводите дека Жозеп Борел се откажал од предлогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

dobivaj vesti na viber

Оваа информација во јавноста ја пласираше косовскиот премиер, Албин Курти, по средбите во Брисел.

Вечерва Петер Стано, портпарол во дипломатската служба на ЕУ, ја демантираше изјавата на Курти.

-Сите наводи дека ЕУ се откажува од предлогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој е поддржан од Германија, Франција и САД, се невистинити. ЕУ и натаму целосно стои зад овој предлог и ги охрабрува страните да се договорат за текстот штом бидат подготвени да и докажат на меѓународната заедница дека се способни да одберат европски решенија, напиша Стано во демантот испратен до новинарите.

Понатаму портпаролот во име на Борел додаде дека “она што е сега клучно“ е да се избегне ескалација.

-Ова бара веднаш акција од двете страни – Косово да не пишува казни, а Србија да не издава КМ регистарски таблици. Не може да има никакви преговори ако е присутна заканата за насилство, додаде Стано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Ситуацијата на северот на Косово зоврива, на Србите им е доста

Катерина Павлова-Николовска

Стано: ЕУ очекува враќање на Србите во косовските институции, истото важи и за формирањето на ЗСО

Косово и Србија постигнаа договор за регистарските таблички

Катерина Павлова-Николовска

Османи: Борел застана на страната на агресорот Србија

(ВИДЕО) Вучиќ со Србите од Косово: Ние само сакаме да го чуваме нашето

Курти го прифати американското барање, казните за српски таблички одложени за два дена

Катерина Павлова-Николовска