ЕУ ја повика Црна Гора да ја прекине блокадата на институциите

Од:

Европската унија денеска ја повика Црна Гора веднаш да ја прекине блокадата на институциите и да ја нормализира ситуацијата во земјата.

„Потсетуваме и инсистираме сите политички чинители да се воздржат од секакви дејствија кои би можеле дополнително да ја продлабочат институционалната криза во државата и да го нарушат функционирањето на демократските институции. Тие треба да дадат приоритет на градењето консензус“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Тој на прес-конференција порача дека ЕУ многу внимателно и со загриженост ја следи внатрешно-политичката ситуација во Црна Гора и посочи дека тоа била и останува главната порака.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија