ЕУ бара од БиХ итно затворање на мигрантскиот камп Вучјак

Од:

Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина денеска се придружи на барањата на повеќе меѓународни организации за итно затворање на кампот на илегални мигранти на локалитетот вУчјак, кај Бихаќ, и ги повика властите во БиХ сериозно да се соочат со предизвиците кои ги носи мигрантската криза.

„Делагацијата на Европската унија ги повикува сите нивоа на власт итно да се соочат со предизвикот кој за БиХ претставува протокот на мигранти. Сите нивоа на власт мора да ги зајакнат своите напори и да преземат одговорност“, се наведува во соопштението за јавност од Канцеларијата на ЕУ.

Според полициски проценки, во БиХ во моментов престојуваат околу шест илјади илегални мигранти.

Во соопштението од ЕУ се „осудува присилниот трансфер на стотици мигранти во импровизираното засолниште Вучјек, спроведувано од полицијата на Унско-санската жупанија“. „Во нашите разговори со сите релевантни власти јасно кажавме дека засолништето Вучјак мора да биде затворено. Не само што е небезбедно, туку е и недостојна локација. Властите во градот Бихаќ и Унско-Санскиот кантон досега овој проблем го носеа на свој грб. Не смеат да бидат оставени сами“, се посочува во пораката од ЕУ.

Со оглед на претстојната зима, властите во БиХ не смеат да ги загрозуваат човечките животи, порача Делегацијата на ЕУ во БиХ.

„Приоритет е да се прошират постојните капацитети за да се обезбедат пристојни услови за живот. Покрај тоа, властите во БиХ треба веднаш да ги идентификуваат соодветните алтернативни објекти. ЕУ е подготвена да обезбеди значителна помош за унапредување на тие локации. ЕУ од 2018 година има обезбедено 34 милиони евра. Таа поддршка вклучува обезбедување засолниште, храна, вода, канализација, облека, психо-социјална помош и пристап до образование и здравствени услуги во пет прифатни центри“, велат од Делегацијата на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Додик: Собранието на РС е одлучно да ги поврати одземените надлежности

Ана Ололовска

Додик: Макрон призна дека БиХ е опасност за ЕУ

БиХ ќе го повика францускиот амбасадор на разговор поради изјава на Макрон

Мирен протест во Сараево поради лауреатот на Нобеловата награда за литература

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Паника по земјотресот во БиХ: Испукани ѕидови, паднати телевизори и урнати оџаци

Ана Ололовска

Земјотрес од 5,1 по Рихтер ја погоди централна БиХ

Ана Ололовска