„Етнос“: Хуманитарна криза во Егејското Море

Од:

Ситуацијата во источниот дел на Егејско Mоре добива размери на хуманитарна криза, бидејќи речиси секојдневно бродови со бегалци пристигнуваат до грчките острови, алармира весникот „Етнос“.

Според весникот, заради растечкиот миграциски бран, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) почнал да зборува за неопходноста од прогласување „вонредна состојба“ во регионот и да бара „план за итни мерки“.

Од почетокот на 2014 година, па до крајот на август, во Грција по морски пат влегле 22.089 лица, што е зголемување за 223 отсто во споредба со истиот период лани.

Загрижувачката тенденција за зголемување на бројот на бегалците по море е констатирана и во септември, кога Егејско Море го минале 7.500 бегалци, додека по копнен пат за првите осум месеци од оваа година во северногрчката област Еврос преминале само 1.133 лица. Вознемирувачки се и перспективите за над еден милион сириски бегалци во Турција и уште толку во Либан, забежела весникот.

Ако во текот на 2012 година од влезените бегалци во Грција над 40 отсто биле Сиријци, во овој момент нивниот број изнесува 65 отсто од сите мигранти во земјата.

Постојано расте и бројот на децата без придружба, кои ги загубиле родителите и ги преживеале ужасите во Сирија.

– Невозможно е да има чисто национални решенија на овој проблем, изјави шефот на бирото на УНХЦР во Грција, апелирајќи на европската солидарност и колективни напори.

На многу грчки острови нема елементарни услови за бегалците, кои живеат на улиците, плоштадите, дворовите на општинските управи и полициски станици и пристаништа.

Во текот на 2013 година десетпати се зголемени апсењата во источниот дел на Егејско Море, а годинава тие се поголемени за четирипати, изјавија претставници на полицијата, кои бараат поголема интервенција на државите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе