Ескобар: САД го поддржуваат спроведувањето на договорот од дијалогот меѓу Белград и Приштина

Од:

Единствениот начин за постигнување договор меѓу Белград и Приштина е дијалогот, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар за Н1.

Според него, САД го поддржуваат спроведувањето на постигнатите договори, но и „забрзаниот пристап кон конечен договор“.

– Дијалогот е механизам преку кој треба да разговараат за разликите. Него го води ЕУ…Ние не сме дел од дијалогот, но целосно го поддржуваме, истакна Ескобар.

Тој нагласи дека Србија има многу повеќе воени вежби со НАТО отколку со Русија и Кина.

– Нашата надеж за Србија е дека ќе го следи својот европски пат. Да се ​​затворат поглавјата, за да напредуваат кон членство во ЕУ. Да се ​​решат разликите со Косово преку дијалог и да се воспостават добри односи со сите соседи, додаде Ескобар.

На прашањето како ја гледа иднината на Александар Вучиќ како претседател на Србија, Ескобар одговори дека „за тоа ќе одлучи српскиот народ“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов