Ескобар: Нападите на Бериша врз амбасадорката Ким се напади врз претседателот Бајден

Од:

По обвинувањата и навредите, во континуитет искажани од Сали Бериша и неговите приврзаници, за американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, која ја нарекуваат гувернерка која се меша во внатрешните работи на Албанија, на прашања на Топ чанел упатено до Стејт департментот, дали тоа е целосно личен пристап на Ким кон Бериша, екслузивно одговорил Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан.

-Шокиран сум од нападите врз нашиот амбасадор во Тирана. Знаеме дека офанзивата на овие напади не го претставува албанскиот народ. Амбасадорката Ким е личен претставник на претседателот на САД. Како што јасно кажа портпаролката на Стејт департментот во декември, очекуваме таа да продолжи да ги објаснува и спроведува американските политики, вклучително и оние на претседателот Бајден, вклучително и одлучноста дека ќе ги повикаме на одговорност оние кои се вмешани во корупција и поткопување на демократијата, стои во одговорот Ескобар на прашање на новинарот Мухамед Велиу.

Според телевизијата, високиот функционер на Стејт департментот, уште една повторува дека „надежта на Сали Бериша дека овој американски курс може да се смени, како што тој се обидува по секоја цена, е и ќе остане сон во фиока“.

-Нашиот став за прогласување на нон грата за корупција или за поткопување на демократијата е јасен, цврст и непроменет, потенцира Ескобар.

Посочува дека Јури Ким е личен претставник на претседателот на САД и нема простор за разни толкувања, со што го „побива тврдењето на Сали Бериша за лична агенда кон него од страна на амбасадорот Јури Ким“.

-Ова е уште една американска шлаканица токму во моментот кога се ближи 30 април, датум на кој прврзанците на Бериша закажаа изборно собрание и тој се гледа се поблиску до официјализирањето на лидерската функција во Демократската партија. Со ова останува повторно изолиран. Овој пат, не како поединец, туку како политичка формација, оценува Топ чанел.

Американската амбасадорка, честопати Бериша и приврзаниците не сакаат да ја наречат амбасадор, туку употребуваат збовори, како гувернерка или госпоѓа, ја обвинуваат дека не се однесува во согласност со Виенската конвенција, кршејќи ги сите правилата на однесување поради „теренот што го нашла кај Рама и Баша за да игра улога која не и припаѓа мешајќи се во внатрешнте работи на земјата“, што според нив „се нејзини лични ставови а не на САД“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија