Ескобар и Лајчак утре во Белград на средба со Вучиќ

Од:

Специјалниот американски претставник, Габријел Ескобар и европскиот преставник Мирослав Лајчак од Косово утре пристигнуваат во Белград, каде ќе имаат средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од кабинетот на Вучиќ тој прво ќе сретне со заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, потоа ќе разговара и со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, по што е предвидена трилатерална средба на официјалните лица.

Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ во Белград официјално темата е продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а неофицијално како што пишуваат медиумите, тие носат нов предлог за Заедницата на српските општини (ЗСО).

Аналитичарите нивната посета ја оценуваат како недвосмислен обид на западните сили преговорите меѓу двете страни да се покренат од мртва точка. Во прилог на тоа, медиумите пишуваат за појава на моделот на „источна Белгија“ како предлог за организација на Заедницата на српските општини, која има посебен вид на автономија во однос на централната власт во Брисел.

Моделот „Источна Белгија“, кој се споменува како модел за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО), во голема мера ги пренесува политичките надлежности на други сектори, како што се образовниот систем, правосудниот систем, безбедноста и сл. Меѓутоа, белгискиот модел има и политички надлежности, бидејќи како регион има законодавна моќ и одржува широка автономија со парламентот, владата и државните служби.

Според Александар Митиќ, научен соработник во Институтот за меѓународна политика и економија овој предлог е неприфатлив за Белград, како и секој друг модел, освен договорениот со бриселскиот договор.

Претседателот на Управниот одбор на Форумот за етнички односи, Душан Јањиќ оцени дека не е исклучено во следниот период да се појават нови предлози за решение.

-Лично мислам дека западните сили ќе инсистираат да се постигне она што веќе функционира во овој регион. А тоа е локалната самоуправа која има свој буџет. ЗСО би требало да биде координација на таквите локални самоуправи. Зошто Србите не би го имале тоа што го имаат Албанците во Прешевската долина или Унгарците во Војводина преку Националниот совет, заклучи Јањиќ.

Тој е убеден дека и покрај доаѓањето на Лајчак и Ескобар, на релацијата Белград-Приштина нема да се случи нешто епохално.

-Оваа посета го прекинува непостоењето на директни разговори меѓу двете страни. Но, мислам дека нема да има двојни стандарди кога станува збор за дијалог за време на изборната кампања во Србија. Ако немаше конкретен дијалог во пресрет на локалните избори на Косово, не верувам дека тоа ќе биде поради срспките избори. Можно е на крајот на февруари или почетокот на март Вучиќ и Курти да имаат директна средба во Брисел – оценува Јањиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“