Ештон очекува Дачиќ и Тачи да се договорат

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон сака позитивен исход од денешните разговори на српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел.

Имено, Ештон смета дека примената на спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од клучно значење, изјави портпаролката на Ештон Маја Коцијанчич и додаде дека откако Ештон ќе се сретне одделно двајцата премиери, ќе следува заедничка вечера.

Според Коцијанчич, средбата се очекува да трае подолго со оглед на фактот дека целта на средбата е да се постигне јасен договор за примена на спогодбата.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија