Ерсин Татар победи на претседателските избори во Северен Кипар

Од:

Премиерот на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, Ерсин Татар, победи на вчера одржаните претседателските избори на турскиот дел од островот, освојувајќи 51,74 проценти од гласовите, јавија доцна синоќа британските медиуми.

Противникот на Татар и досегашен претседател на оваа меѓународно непризната држава, Мустафа Акинџи, освои 48,26 проценти од гласовите.

Кипарските Турци својот нов претседател го избраа во вториот круг од претседателските избори.

Како што претходно и беше најавено, по конфликтот за правото на експлоатација на фосилните горива во водите на источен Медитеран меѓу Турција и Грција, се заостри и изборната кампања меѓу Акинџи (72), кој се противи на целосната доминација на Анкара, и Татар (60), кој, пак отворено се залагаат за целосно усогласување на севернокипарската со официјалната турска политика.

Меѓународно призната земја е Кипар, кој се наоѓа во јужниот, грчки дел на островот. Грчкиот дел на Кипар е членка на ЕУ, додека само Турција ја призна кипарската турска држава на северот од овој поделен медитерански остров.

Првиот тест за новиот претседател на кипарските Турци ќе биде состанок со кипарските Грци и претставниците на трите земји „гаранти“ на Кипар – Грција, Турција и Велика Британија, што го најави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со цел да се раздвижат замрзнатите мировни преговори.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар