Ерменската црква за свети прогласи 1,5 милион жртви на геноцидот врз Ерменците

Од:

Ерменската црква за свети ги прогласи 1,5 милион жртви на геноцидот врз Ермените, што бил сторен од отоманските Турци, на само еден ден пред официјалното одбележување на стогодишнината од масакрот и наспроти фактот дека Турција го отфрла терминот геноцид.

Службата за канонизација ја водеше поглаварот на Ерменската црква, Карекин II, во црквата Етцхмиаџин, на дваесетина километри од Ереван, на отворено пред градбата од IV век која се смета за најстара христијанска катедрала во свеетот.

Ѕвоната од камбанариите ѕвонеа во сите цркви во земјата, како и во големите цркви ширум светот. Одржана беше и минута молк.

Ерменците проценуваат дека 1,5 милион лица систематски биле убиени меѓу 1915 и 1917 година, последните години од Отоманското царство, а дваесетина земји, меѓу кои се Франција и Русија, признаа дека станува збор геноцид.

Турција го отфрла овој термин и тврди дека стануза збор за граѓанска војна во Анадолија, заради која, како и заради гладта, умреле околу 300.000 до 500.000 Ерменци и исто толку Турци.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски