Ердоган: Вакцината на Синовак пристигнува пред четврток

Од:

Турција ќе ја добие првата пратка од вакцината против коронавирусот на Синовак од Кина пред четврток, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција се договори да купи 50 милиони дози од вакцината на Синовак и требаше да ја добие првата испорака од три милиони дози уште пред неколку недели, но дојде до застој во испораката.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа вчера изјави дека испораката на првата пратка вакцина на Синовак е одложена за неколку дена поради случај на коронавирус во царината во Пекинг.

Анкара исто така ќе набави 4,5 милиони дози од вакцината развиена од Бионтек и Фајзер, со можност подоцна да добие уште 30 милиони дози.

Би можело да ве интересира

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски