Ердоган: Уверен сум дека разговорите со Грција ќе најават нова ера

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се надева дека продолжувањето на разговорите меѓу Турција и Грција за поморските спорови ќе најави нова ера во односите меѓу двајцата традиционални непријатели.

Во исто време, турскиот лидер ја повика Атина да не ги ескалира тензиите во регионот.

Анкара и Атина вчера соопштија дека се согласиле да ги продолжат долго одложените разговори за спорните офшор права на Средоземното море на 25-ти јануари, што речиси ќе доведеше до конфликт минатата година.

„Ние мора да престанеме да го правиме Медитеранот област за конкуренција и да го претвориме во води што ќе служат на долгорочните интереси“, им рече Ердоган на амбасадорите на ЕУ во Анкара.

– Ја повикуваме Грција да се воздржи од активности што ќе ескалираат напнатост. Верувам дека разговорите за истражување со Грција, кои ќе започнат на 25 јануари, ќе најават нова ера, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица