Ердоган: Турција за 14 дена може да спроведе операција во безбедносната зона во Сирија

Од:

Анкара е подготвена да почне операција против курдската милиција во безбедносната зона во североисточна Сирија во рок од две недели, освен ако не се преземат конкретни активности заедно со САД, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Ако не се преземат конкретни активности во рок од две недели (во безбедносната зона), можеме да започнеме сопствена операција, рече Ердоган по самитот Русија-Турција-Иран за Сирија во Анкара.

Турскиот лидер истакна дека додека ПКК работи во северна Сирија, „турскиот народ нема да може да живее во безбедност“.

САД во август постигнаа договор со Турција за создавање безбедносна зона по неколкумесечните тензии меѓу двајцата сојузници на НАТО околу присуството на курдски борци во северна Сирија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски