Ердоган: Турција ќе дејствува поодлучно во Сирија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека Анкара ќе постапува порешително во Сирија затоа што во таа земја гинат турски трупи.

– Се одлучивме за план на акции и ќе преземеме одлучни чекори, нагласи Ердоган во говорот што го објави телевизијата НТВ.

Тој не прецизираше кои чекори ќе бидат преземени, истакнувајќи дека Анкара „нема да потклекнува пред светските сценарија за моќ“.

Ердгоган додаде дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Сирија.

Ситуацијата во провинцијата Идлиб се влоши драматично кон крајот на јануари кога сириските владини трупи почнаа офанзива врз екстремисти кои го прекинаа примирјето и во таа акција беа ослободени поголеми делови од провинциите Алепо и Идлиб.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски