Ердоган: Турција има за цел да биде една од најдобрите десет економии во светот

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Т. Ердоган, изјави дека неговата држава постигнала голем развој по основањето на Републиката од нејзиниот основач Мустафа Кемал Ататурк и дека денес се стреми да стане една од најразвиените земји во светот.

Ердоган, зборувајќи на комеморативниот настан одржан по повод одбележувањето на 82-годишнина од смртта на Ататурк во Анкара, му оддаде чест на основачот на соверемена Турција.

Тој изјави дека Турција била подложена на длабока опсада од надвор бидејќи денес земјата повторно и посилно ја води својата војна за независност, отколку пред еден век.

Тој додаде дека Турција има за цел да биде една од најдобрите 10 економии во светот, а според него, тоа достигнување ќе биде најголемиот подарок за Ататурк.

Турскиот народ секоја година на 10 ноември го посетува Мавзолејот на Ататурк во Анкара каде му оддава чест на „таткото на модерна Турција“ со двоминутно молчење.

Би можело да ве интересира

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски