Ердоган: Тоа што се случува во Идлиб во моментов може да се нарече војна

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека тоа што во моментов се случува во сириската провинција Идлиб може да се нарече војна.

-Тоа што се случува во Идлиб може да се опише само со зборот- војна. Ние таму веќе почнавме свои операции, рече Ердоган.
Тој додаде дека телефонски ќе разговара со рускиот претседател за ситуацијата во Сирија, како и дека акциите на Турција во Идлиб ќе зависат од резултатот на тој телефонски разговор.

-Денеска ќе разговарам со Путин. Ќе разговараме за се што се случува во Идлиб. Резултатите од овој разговор ќе го одредат однесувањето на Турција. Нема да ги напуштиме нашите позиции во Сирија, додека таму трае насилството на силите на сириската Влада, рече Ердоган.

Според него, во текот на операциите во Идлиб, што се одвиваа со поддршка на турските вооружени сили, ликвидирани биле 150 сириски војници, уништени 12 тенкови, три оклопни возила и 14 противвоздушни системи.

Би можело да ве интересира

Турција почна да ги лекува заболените од Ковид-19 со крвна плазма

Ана Ололовска

Во Турција бесплатно се делат заштитни маски за лице

Ана Ололовска

„Катимерини“: Сомнителни движења на стар турски танкер меѓу грчките острови Самос и Хиос

Ана Ололовска

Турција затвора 30 големи градови поради коронавирусот

Ана Ололовска

Турција: Од полноќ забрането движење на помлади од 20 години

А1он

Во Турција загубени два милиона работни места поради коронавирусот

А1он