Ердоган со последно предупредување до демонстрантите да се повлечат

Од:

Бројот на жртви од судирите за време на протестите во Турција се зголеми на пет лица. Почина уште еден демонстрант кој беше повреден во судир со полицијата на 1-ви јуни. Од почетокот на немирите досега се повредени околу 5.000 лица. Демонстрантите и вечерва продолжија да се собират во паркот Гези во Истанбул, средиштето на антивладините протести.

Според некои агенции, сепак на главниот плоштад има помалку полицајци од претходните денови. Премиерот Ердоган најави дека властите ќе го расчистат истанбулскиот плоштад Таксим од прекршителите на законот.

Предупредувањето доаѓа по помалку од еден ден откако владејачката исламистичка Партија на правдата и развојот на Ердоган предложи план за одржување референдум за проектот за реконструкција на паркот Гези, што беше повод за масовни протести.

Демонстрантите и натаму се сомневаат и не веруваат во одржување фер референдум што го нуди премиерот Ердоган. Во Резолуцијата на Европарламентот се осудуваат суровите мерки употребени против мирните демонстранти во Турција и се апелира до Ергдоган да ја преземе улогата на помирувач и обединител. Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ изјави дека апсењето новинари негативно влијае на турските медиуми кои во текот на протестите спроведуваа автоцензура.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во пожарите во Турција досега загинаа четири лица, евакуирани стотици луѓе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Страотен пожар беснее и кај Бодрум, стотици туристи евакуирани од хотелите

Жарко Настоски

ВИДЕО: Најмалку едно лице загина, а 62 се повредени во пожарот кај Анталија

Ана Ололовска

Поради пожарите во регионот на Анталија, Османи не оди во 500 километри оддалечената Анкара

Жарко Настоски

ВИДЕО: Голем шумски пожар во турското одморалиште Сиде – изгореа села, хотелите без струја и вода

Жарко Настоски

ЕУ со осуда за случувањата во Вароша

Ана Ололовска

Leave a Comment

fourteen + 10 =