Ердоган сака дополнително да ја намали каматната стапка и покрај инфлацијата

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека сака повторно да ги намали каматните стапки откако инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво.

-Никој да не го очекува тоа од нас. Оваа влада нема да ги зголеми каматните стапки. Напротив, ќе продолжиме да ги намалуваме, рече Ердоган на прес-конференција по владиниот состанок.

Спротивно на традиционалните економски теории, турскиот претседател смета дека високите каматни стапки ја стимулираат инфлацијата.

На крајот на 2021 година, Ердоган ја принуди централната банка да ја намали каматната стапка од 19 отсто на 14 отсто од септември и декември истата година, што предизвика колапс на националната валута.

Инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво, што е најмногу од декември 1998 година, поттикната од растот на цените на енергенсите и храната, покажуваат неодамнешните официјални бројки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели