Ердоган: Разговорите со Путин се исклучително важни за регионот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се надева на продуктивни разговори со својот руски колега Владимир Путин во Санкт Петербург на 9 август, пренесува ТАСС, повикувајќи се на изјава на Ердоган за турската државна телевизија ТРТ.

– За жал ние со Русија имавме несакан инцидент, оној со авионот, и наредните осум месеци имаше редица негативни процеси. По сето тоа, посочуваме во писмо дека односите помеѓу Турција и Русија се исклучително важни за целиот регион, дека е несоодветно да живееме одделно едни од други и предложивме да работиме на решавање на проблемите. Од другата страна, добивме позитивен одговор на тоа наше образложение – рече Ердоган за ТРТ.

– Јас сум уверен дека по мојата посета, многу работи одново ќе се вратат во колосек. И се разбира, една од најважните теми за нас е Сирија. Претходно ние подробно го проанализиравме тоа прашање. Очекувам тие продуктивни разговори со Путин да продолжат уште на средбата на Г-20 во Кина – додаде турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите