Ердоган: Работев добро со Буш, Обама и Трамп, но не и со Бајден

Од:

Работев добро со Џорџ В.Буш, Барак Обама и Доналд Трамп, но не можам да кажам дека започнавме добро со Џо Бајден, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во соопштение, изразувајќи незадоволство од актуелниот американски претседател.

„По 19 години на функцијата, не можам да кажам дека постигнавме добра позиција со САД. Тие треба да разберат дека Турција нема да отстапи од договорот за С-400“, вели Ердоган, осврнувајќи се на рускиот систем за противракетна одбрана, што доведе до конфликт меѓу Турција и САД.

Запрашан за односот на Турција кон неодамнешните настани во Авганистан, Ердоган го истакна „неуспехот и рамнодушноста на САД кон ситуацијата“.

Тој нагласи дека САД ја донеле својата одлука без да се консултираат со Турција и затоа не можат да очекуваат дека Турција ќе ја плати цената „за нивното неодговорно однесување“.

„Незамисливо е Турција да ги отвори вратите и да ги прифати (авганистанските мигранти). Нашата земја не е отворена територија. Не е лесно да се прифати такво нешто. Оваа акција има цена. САД не можат да ни кажат: ‘отворете ги вратите и пуштете го авганистанскиот народ да влезе во Турција’. Тука САД мора да ја платат цената. САД мора да преземат чекори во овој поглед”, додаде турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Турција: Вклучување во сивата листа на перење пари е неправедно

А1он

Турција под надзор поради перење пари и финансирање тероризам

А1он

Ердоган се закани дека ќе ги протера амбасадорите поради повиците за ослободување на Кавала

Ана Ололовска

Во Турција уапсени 15 оперативци на Мосад

Ана Ололовска

Апсење во Турција, 158 осомничени за поврзаност со Ѓулен

Катерина Павлова-Николовска

Доколку САД одбијат да ги испорачаат авионите Ф-16, Турција ќе се сврти кон руските Су-35 и Су-57 и

А1он